ПОЖАРНИКАРИТЕ И СТОЈАНЧЕ СЕ „МАЖИ НА ГОДИНАТА“ Избрани најуспешните мажи за 2024 година

Наградата за пожарникарите беше особено поздравена од присутните, бидејќи нивната храброст и посветеност биле клучни во спасувањето на животи и имот.

298

Во Националната опера и балет во Скопје синоќа се одржа манифестацијата „Мажи на годината“ за 2024, која по седми пат ги награди најистакнатите мажи во различни сфери. Главната награда му беше доделена на Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, и на пожарникарите кои ги предводеше во борбата со големите летни пожари со кои беше зафатена земјата.

Во исто време, Ангелов беше номиниран и во категоријата „Маж на годината“ според социјалните медиуми, но оваа награда ја доби комичарот Љупчо Крстевски. Наградата за пожарникарите беше особено поздравена од присутните, бидејќи нивната храброст и посветеност биле клучни во спасувањето на животи и имот.






Наградата за Менаџер на годината замина кај Ѓорѓе Војновиќ, генерален директор на Триглав. Наградата за Маж со Стил oваа година ја доби Амбасадорот и Дипломат Кире Илиоски, кој има добиено признанија за успешна билатерална соработка на нашата држава со други.

Менаџер до 40 години оваа година е Бесник Исаки, директор на Бе-Да Логистик, фирма која носи паметни логистички решенија и услуги во транспор. Наградата Млад менаџер на годината најзаслужено замина кај извонредниот млад талент Никола Велковски, основач на Хејрич и Ховицер, кој има направено најголема инвестиција во Македонија од 1 милион долари.

За Маж со најголем придонес во спортот беше избран Михајло Михајловски, претседател на Ракометниот клуб Вардар. Мажи со најголем придонес во културата – познатото музичко дуо кои со својот придонес ја збогатија културната сцена, Александар Митевски и Драган Спасов Дац. Маж со најголем придонес во општеството оваа година се додели на Сабри Азири,човек кој обезбеди над 1 милион евра донации за подобрување на здравствениот систем.

За Маж странец на годината беше прогласен Амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ, кој има активна улога во проширувањето на партнерствата и дава голема поддршка на реформите во земјата. Хедонист на годината замина кај Денис Ампов, Country Manager на Ананас.

Изборот „Мажи на годината“ веќе прерасна во традиција, која секоја година наградува мажи кои дале значителен придонес во општеството и се инспирација за идните генерации.

„Среќни сме што и оваа година направивме настан на кој ги славевме успесите на најуспешние мажи во Македонија. Сакаме да искажеме огромна благодарност до Националната Опера и Балет, за нивната професионалност. Сакаме да им се заблагодариме и на спонзорите, кои ни ја дадоа својата поддршка. Благодарност до сите медиуми, гости и поддржувачи кои направија оваа вечер да биде незаборавна“, велат организаторите, Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

Настанот беше збогатен со забавен дел од пејачките Калина и Полина, кои изведоа македонски евергрини и светски хитови, на кои публиката не остана рамнодушна, а вечерта беше затворена со коктел забава во фоајето на Националната Опера и Балет, со диџеј сет на урбаниот и познат лик, Зоки Бејбе.

Поврзани содржини