📷 ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО МОНТИРААТ ОЏАКОТ НА СИКСТИНСКАТА КАПЕЛА Ватикан се спрема за конклавата и за изборот на нов папа

Со оглед на тоа што изборот за папа е затворен за јавноста и јавноста нема увид во случувањата во црквата во тие моменти, црковните службеници ќе ја информираат јавноста за резултатите од гласањето по секое гласање, преку оџакот.

130

Членовите на противпожарните и спасувачките служби ги започнаа подготовките за ватиканската конклава, односно за изборот на нов папа, а подготовката на оџакот ќе игра клучна улога во тоа, што привлекува големо внимание од јавноста секој пат кога ќе се избере папа, објави Индепендент.

Со оглед на тоа што изборот за папа е затворен за јавноста и јавноста нема увид во случувањата во црквата во тие моменти, црковните службеници ќе ја информираат јавноста за резултатите од гласањето по секое гласање, преку оџакот.






Во случај папата да не биде избран на крајот од денот, гласачките ливчиња ќе бидат изгорени и на нив ќе се додаде „црна смеса“ што ќе го направи самиот чад црн. За граѓаните, кои ќе се соберат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, ова ќе значи дека папата не е избран.

Од друга страна, ако се појави бел чад – тоа ќе значи за јавноста дека папата е избран, по што ќе следи веќе познатата постапка.

Традицијата на објавување на резултатите од гласањето на народот преку чад датира од 1800 година, кога верниците се собирале пред Квириналот за да дознаат дали папата е избран. Сепак, во тоа време чадот имаше само негативна конотација. Ако се појавеше, тоа всушност значеше дека кардиналите сè уште не го избрале папата, додека, пак, отсуството на чад укажуваше на успешен избор.

Отсуството на боја во чадот останало сè до Конклавата во 1903 година. Разликата помеѓу црното и белото со цел да се објави изборот на новиот папа започнала со конклавата во 1914 година, а првиот папа, прогласен со бел чад, бил Бенедикт XV.

Печката, што се користи за горење на гласачки ливчиња и документи, е иста од 1939 година. На неа се испечатени датумите од некои од годините кога била користена за Конклавата. Од 2005 година, додадена е уште една печка, која се користи само за горење бои.

Конклавата за избор на 267-от папа ќе започне на 7 мај 2025 година, по завршувањето на мисите Novemdiales, кои се одржуваат за покој на душата на починатиот папа Франциск.

За валиден избор на нов папа се потребни две третини плус еден глас.

ТАЈНО ГЛАСАЊЕ, ЦРНИ ЧАДОВИ И МИЛИОНИ НАПРЕГНАТИ ПОГЛЕДИ КОН ОЏАКОТ Како кардиналите го бираат новиот папа?

Поврзани содржини