Пожарникарите чекале да се отклучи комплексот Треска за да се справат со огнот!

1,374

Во комплексот Треска денеска околу 1 часот избил пожар, а горело ѓубриште, трева и суви гранки, пишува Курир.мк, повикувајќи се на командантот на противпожарна бригада Скопје Владимир Симоновски.

Според порталот, дополнителен проблем се појавил кога пожарникарите кои требале да интервенираат на пожарот во близина на езерото, наишле на затворена капија со катанци и ланци на Комплексот. поради тоа побарале полициски службеници да присуствуваат на местото на настанот кога требало да го скршат катанецот.






По некое време се појавил директорот на Комплексот кој ја отворил капијата, па пожарникарите конечно влегле за да се справат со пожарот.

Поврзани содржини