Пожарникари и специјалци спречија самоубиство во Карпош
Пријава за заканата за самоубиство на девојката стигнала во 12.30 часот, а полицијата и пожарникарите заедно со екипа на итна помош веднаш реагирале.
Со брза реакција на екипи на специјалната единица на МВР и на противпожарната единица денеска е спречен обид за самоубиство во Карпош.Видеото за оваа акција го објави порталот „news1.mk“ на кое се гледа како се одвивала акција.
Пријава за заканата за самоубиство на девојката стигнала во 12.30 часот, а полицијата и пожарникарите заедно со екипа на итна помош веднаш реагирале.
На снимката се забележува девојката која се појавува прво на терасата, а потоа и на прозорецот на станот на петти кат со намерата да скокне. Потоа, се забележува и полициски специјалец кој од горниот балкон се спушта на долниот и влегува во собата по што ја спречува девојката да изврши самоубиство.
Во меѓувреме пожарникарите поставуваат душек за спасување во случај девојката да се обиде да скокне.