ПОЖАРИТЕ ВО АВГУСТ Ѝ ИЗГОРЕА 38 МИЛИОНИ ЕВРА НА МАКЕДОНИЈА Летово се боревме со 142 пламени стихии

Толку изнесува проценетата материјална штета од 482.106 кубни метри кои беа опожарени, пресметале од Државниот завод за статистика и ЈП „Национални шуми“.

461

Дури 142 шумски пожари имаше летово меѓу јуни и септември годинава во Македонија, а тие ни „изгореа“ 37.692.536 евра, односно 2.318.0910.00 денари, јавува МИА. Толку изнесува проценетата материјална штета од 482.106 кубни метри кои беа опожарени, пресметале од Државниот завод за статистика и ЈП „Национални шуми“.

Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.

Поврзани содржини