ПОЖАРИТЕ ГИ ГОЛТНАА ПРАГОВИТЕ Во прекин е железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола

Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.  

185

Сообраќајот на пругата Скопје-Битола-Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1.000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.






„Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај“, се наведува во денешното соопштение.

Поврзани содржини