ПОЖАРИ МИСТЕРИОЗНО ИЗБУВНУВААТ НИЗ ЕВРОПА Земјите го вперија прстот кон Москва

Полските власти уапсиле девет лица поврзани со саботажата во трговски центар во Вилнус, која наводно била извршена по налог на руските служби. Се истражува и дали Русија е поврзана со пожарот во трговскиот центар во Варшава, кој руската амбасада го опиша како теорија на заговор.

1,797

Безбедносните служби ширум Европа се во состојба на готовност по мистериозните пожари и напади врз инфраструктурата на Балтикот, Германија и Велика Британија. Се сомневаат дека инцидентите се поврзани со Русија.

Полскиот премиер Доналд Туск го поврза пожарот што неодамна избувна во трговски центар во Вилнус, Литванија со „странски саботери“. Инспекторите ја споменаа и потенцијалната вмешаност на Русија во пожарот што избувна во источен Лондон, обидот за саботажа во Германија и антисемитските графити во Париз, пишува Гардијан.






Иако нема докази дека некој од овие инциденти бил координиран низ целиот континент, безбедносните служби веруваат дека тие би можеле да бидат дел од систематскиот обид на Москва да го дестабилизира Западот.

 

Еден од министрите за одбрана на земја членка на ЕУ на самитот во Брисел оваа недела  рече дека се длабоко загрижени поради „саботажата организирана и финансирана од Русите“.

Туск минатата недела откри дека полските власти уапсиле девет лица поврзани со саботажата, која наводно била извршена по налог на руските служби. Се истражува и дали Русија е поврзана со пожарот во трговскиот центар во Варшава, кој руската амбасада го опиша како теорија на заговор.

Во април државјанин на Велика Британија беше обвинет дека ја запалил фирмата на претприемач од Украина, откако наводно бил регрутиран од руското разузнавање.

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур на самитот рече дека земјата веќе била жртва на руска саботажа, мислејќи на нередите во февруари кога беа искршени стаклата на автомобилите на министерот за внатрешни работи и на новинарите.

Минатиот месец двајца германско-руски државјани беа уапсени под сомнение дека планирале напади во Граманија, вклучително и во воена база во Баварија.

Поврзани содржини