📽️ ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО ЃОРЧЕ, ВОЛКОВО, ОРМАН, КУЧКОВО Граѓаните во паника, густиот чад им го отежнува дишењето

461

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров, a излезот, односно влезот во Скопје се прекриени со густ чад.

Ветрот носи големи парчиња пепел откако пожар избувна кај гробиштата во населбата.

 






Оган гори и околу тамошната индустриска зона, а густ чад носен од ветрот ја прекри скоро целата населба Ѓорче Петров.

Денеска ова е втор голем пожар во Скопје, откако утрово се запали депонија кај Визбегово по што мораше да интервенира и Ер-трактор.

Поради силната миризба и густиот чад отежнато е дишењето кај граѓаните кои се во непосредна близина на пожарот, а со тешкотии се одвива и сообраќајот.

Чадот се гледа дури и до скопската населба Аеродром.

Општина Ѓорче Петров информира дека поради појава на повеќе активни пожари на територијата на општината, денеска официјално е активиран Кризниот штаб.

На терен се ангажирани екипи на Противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи (вклучително и специјалните единици ЕБР и Интервентна полиција), припадници на Армијата, како и претставници на локалното население.

-Се работи интензивно на локализација и целосно гаснење на пожарите кои се активни на следните локации:
• Потегот Стопански двор, над црквата
• Гробиштата Ѓорче, над улица Црногорска
• Населба Волково
• Населба Орман
• Населено место Кучково

Ситуацијата е сериозна, но под контрола и постојан надзор и координација на надлежните институции. Апелираме до граѓаните за смиреност, одговорност и соработка со службите на терен, како и строго почитување на сите препораки и наредби издадени од надлежните органи, информираат од Општината.

Од ЦУК  информираат дека сите расположливи ресурси се на терен.

 

 

 

 

видео: Курир.мк

Поврзани содржини