ПОЖАРИ ЈА ПЕПЛОСАА ШПАНИЈА Изгореле над 46.000 хектари шума

Вкупно 15 големи пожари со површина од над 500 хектари се регистрирани од почетокот на годината до 15 август, а според Министерството за еколошка транзиција изгорени се над 46.000 хектари.

171

Владата на Шпанија, поради шумските пожари кои зафатија делови од земјата, прогласи 13 автономни области како зони на катастрофа.

Најмногу е погодена областа Авила, каде што изгореа 22.000 хектари шума.






Министерката за територијална политика Изабел Родригез по состанокот на Владата најави дека сите 13 автономни региони ќе добијат помош. 

– Помошта ќе биде обезбедена како компензација за штетите врз инфраструктурата, домовите, имотот, индустријата и фармите и на физички и на правни лица – рече таа.

Прогласувањето зона на катастрофа, исто така, предвидува можност за обезбедување заеми со гаранција од државата, даночни олеснувања и надомест.

Иако секое лето има пожари во Шпанија, нивниот број е значително поголем оваа година. Вкупно 15 големи пожари со површина од над 500 хектари се регистрирани од почетокот на годината до 15 август, а според Министерството за еколошка транзиција изгорени се над 46.000 хектари.

Поврзани содржини