(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ЗАТВОР СО 1.600 ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ТЕКСАС Гори поткровјето и третиот кат каде што има затвореници
Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени и дека се евакуирани 650 затвореници.
Голем пожар утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници.
Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени.
-Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон, изјави Аманда Хернандез, портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас.
Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците.
– Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории. Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат – изјави шефот на противпожарната служба на Хантсвил.
Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица.
Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници.