ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО Скопските пожарникари гасеа запалени гуми зад ресторанот Њу Стар
Едно возило беше испратено на локација позади ресторанот Њу Стар по пријава дека има запалено гуми. Веќе се интервенира и пожарот е ставен под контрола – нѐ информираа од противпожарната бригада на Град Скопје.
Пожар околу 12 часот избувнал во Визбегово зад ресторанот Њу Стар, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.
Од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје велат дека станува збор за запалени гуми.
– Едно возило беше испратено на локација зад ресторанот Њу Стар по пријава дека има запалено гуми. Веќе се интервенира и пожарот е ставен под контрола – нѐ информираа од противпожарната бригада на Град Скопје.