ПОЖАР ВО СТРУШКО, ЗАФАТЕНИ 20.000 МЕТРИ КВАДРАТНИ Тројца пожарникари завршиле во болница со респираторни проблеми

Пожарот избувнал на земјиште во сопственост на повеќе жители од струшкото село Ложани. Во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

247

Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид.

Пожарот избувнал на 19 јули околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото.






Во интервенцијата учествувала Територијалната противпожарна единица Струга, но тројца пожарникари добиле респираторни проблеми поради вдишување чад. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Општата болница во Струга.

Пожарот бил целосно изгаснат, а причините за неговото избувнување се сѐ уште непознати.

Поврзани содржини