ПОЖАР ВО СТАРСКИ ДОМ ВО КАВАДАРЕЧКО Безбедно се евакуирaни 30 лица од кои петмина се неподвижни

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во моментов 12 пожарникари со 3 протипожарни возила интервенираат за да се изгасне пожарот.

549

Избил пожар во старечкиот дом во селото Чемерско, во општина Кавадарци. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во моментов 10 пожарникари со 3 протипожарни возила интервенираат за да се изгасне пожарот.

На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 7 полицајци. Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со 2 мини возила (минибуси).






– Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општата болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат – рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Од ЦУК исто така соопштија дека нема податоци за настрадани лица. Меѓу сместените лица во домот петмина се неподвижни. Градоначалникот на Кавадарци ќе побара од Итната медицинска помош од Неготино да испрати возило на испомош, додаваат од ЦУК.

Според првите информации, прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот.

Сите лица што биле смесетени во домот се живи и безбедно се извлечени од објектот. Тие ќе бидат евакуирани во Општата болница во Кавадарци. Во моментот има потреба од дополнителни возила од Итната помош од Велес за транспорт на лицата коишто се неподвижни во лежечка положба.

Поврзани содржини