НЕПОДВИЖНО ЛИЦЕ ЖИВО ИЗГОРЕЛО ВО ПОЖАРОТ ВО АЕРОДРОМ Телото го пронашле пожарникарите додека го расчистувале станот

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

596

Едно повозрасно лице го загубило својот живот во пожарот кој утрово избувнал во стан во скопската Општина Аеродром, потврдија од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје.

Телото на починатото лице било пронајдено при расчистувањето на опожарениот стан од страна на пожарникарите.






Инаку, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово во 06.33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. Пандил Шишков во Општина Аеродром.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест ПП возила.

Поврзани содржини