ПОЖАР ВО СТАН ВО АЕРОДРОМ Сопственикот и неговиот син пренесени во болница

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје и извршен е увид од увидна екипа од СВР - Скопје.

198

Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот кој имал изгореници и неговиот син се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

– Вчера во 5.14 часот во СВР – Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во стан, сопственост на П.Д., на возраст од 74 години. Од пожарот, со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот 52-годишен син О.Д., поради вдишување чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, појаснуваат од МВР.






Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје и извршен е увид од увидна екипа од СВР – Скопје.

Поврзани содржини