ПОЖАР ВО ШУМАТА ОКОЛУ ЧЕРНОБИЛ Горат повеќе од 10.000 хектари во зона контролирана од Русите

Денисова тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се ​​стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.

281

Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.

„Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот“, соопшти Денисова на Фејсбук, пренесена од Укринформ.

 






Денисова тврди и дека во моментов е невозможно пожарот да се ​​стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.

Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери.

Поврзани содржини