Пожар избувна денеска во Росоман, на локацијата викана „Бавчите”. Од росоманската Општина информираа дека пожарникарите спречиле огнот да зафати стопански субјекти.
„Благодарение на брзата интервенција на Територијална противпожарна единица Кавадарци, пожарот што се појави и постоеше голема опасност да се прошири и да предизвика поголеми штети на стопанските субјекти, беше брзо и успешно локализиран. Апелираме до граѓаните да внимаваат за своите постапки и во овие критични моменти да не предизвикуваат потенцијални опасности како во доменот на стопанските субјекти и во однос човечките животи“, соопштија од Општина Росоман.