ПОЖАР ВО ПРИЛЕПСКАТА НАСЕЛБА ТРИ БАГРЕМИ Во Николиќ сѐ уште гори

81

Во периодот од вчера до утрово до 7 часот на отворен простот се активни пет пожари, а 19 се изгаснати.

Од активните пожари еден е во општина Дојран во село Николиќ каде гори нискостеблеста шума, друг во општина Чучер Сандево, каде во село Горњани гори исто така нискостеблеста шума.






Активен пожар има и во општина Велес кај село Џидимирци и Крушје, каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде гори дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Според информациите од ЦУК, пожар има и во Прилеп во населбата Три Багреми со кој е зафатена ниска вегетација. 

Поврзани содржини