ПОЖАР ВО ОСЛОМЕЈ Се запали новоизградената соларна електрана
Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа на електраната и дека се можни вакви дефекти.
Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.
Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа на електраната и дека се можни вакви дефекти.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на настанот со кој се одбележа завршувањето на градбата на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“, со тест период на целосно монтирана опрема.