ПОЖАР ВО КРУГОТ НА ИДРИЗОВО Запален автомобилот на дежурниот командир
Огнот го оштетил предниот дел од автомобилот. Од МВР велат дека пожарот го гасел и сопственикот кој заработил изгореници.
Не прекинуваат изненадувањата зад портите на Идризово. Минатата ноќ горел автомобил на вработен во затворот, а возилото се наоѓало зад управната зграда. Според непотврдени информации, запален бил автомобилот на дежурниот командир на затворот, објави Сител.
Огнот го оштетил предниот дел од автомобилот. Од МВР велат дека пожарот го гасел и сопственикот кој заработил изгореници.
– На 16 јуни во 01:50 часот било пријавено дека во кругот на КПУ Затвор „Идризово“, на паркинг било опожарено патничко моторно возило, „фиат пунто“, сопственот на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гасењето се здобил со повреди – велат од МВР.
Од Министерството за внатрешни објаснуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Засега нема информации дали пожарот во автомобилот е поврзан со претресот кој откри дека затворениците во Идризово поседувале дрога, ножеви, телефони, компјутери и огромни суми пари.
Директорите на Идризово и санкции, денеска не беа достапни да одговорат како се запалил автомобилот на вработен во затворот.