ПОЖАР ВО КОНТРОЛНА КУЛА НА АЕРОДРОМ ВО РИМ Уапсен Грузиец кој влегол во Италија пред неколку дена

Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, а појдовните и дојдовните летови се откажани, пренесуваат италијанските медиуми.

284

Авиосообраќајот на аеродромот Чампино во Рим денеска беше привремено прекинат поради пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми.

Поради ова, појдовните и дојдовните летови се откажани.






Според италијанските медиуми, грузиски државјанин е уапсен поради пожарот. Тој стигнал до контролната кула и го подметнал огнот.

Грузиецот пристигнал во Италија пред неколку дена и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.

Како што пренесуваат медиумите, во овој инцидент нема повредени.

Сите дојдовни летови се префрлаат на аеродромот Леонардо да Винчи, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.

Пожарникарите пријавиле дека интервенирале утрово околу 7 часот и 20 минути, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар „кој избувнал внатре во канцелариите лоцирани под контролната кула“.

Спасувачите превентивно ја евакуирале целата зграда поради густиот чад.

Поврзани содржини