ПОЖАР ВО КАФУЛЕТО „БАРОН“ ВО ЧАИР, ДАЛИ Е ПОВРЗАН СО УБИСТВОТО ВО БЛАЦЕ? Синот на убиениот бил член на криминалната група со истото име

Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција.

1,593

По убиството во близина на Горно Блаце, во кое 65-годишник е изрешетан со автоматска пушка, повеќе медиуми објавија, повикувајќи се на извори во МВР, дека станува збор за Зелќиф Туша, татко на Гани Туша, кој е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки, еден од двајцата убиени во Шиша Бар во Скопје. Гани Туша исто така се поврзува и со убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик од Грчец.

Наводно, на ова убиство во Блаце, му претходело опожарување на кафулето „Барон“ во скопксата населба Чаир, во кое се собирале членовите на истоимената група, на која ѝ припаѓал и Гани Туша. Пожарот бил пријавен рано утрово околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-тина минути го изгаснало пожарот.






Се претпоставува дека како дел од одмаздата на групата од Грчец, денеска попладне е убиен и 56-годишниот татко на Гани Туша, Зелќиф. Неговото тело го пронашол неговиот брат Н.Т.

„Во 18:10 во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција. Со уличната гангстерска војна беа поврзувани и нападите врз Штекли во Ист гејт мол, како и повеќе убиства извршени во претходните 12 години. Мотивот за престрелките е борба за скопскиот нарко пазар. На почетокот на годинава МВР спроведе голема акција за апсење на членови на групата Грчец.

СВИРЕПО УБИСТВО КАЈ ГОРНО БЛАЦЕ 56-годишник изрешетан со автоматско оружје

Поврзани содржини