ПОЖАР ВО ФАБРИКАТА „ТИЛА“ Се запалија покривот и сончевите колектори

190

Околу 13 часот избувна пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп. Зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори.

Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот.






Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало никој. Засега не е познато што го предизвикало огнот.

Фабриката „Тила“ произведува конфекција за деца.

Поврзани содржини