ПОЖАР ВО АЈФЕЛОВАТА КУЛА ВО ПАРИЗ Огнот се појави во окното на лифтот, евакуирани се посетителите

За време на интервенцијата, Ајфеловата кула беше затворена за туристи.

588

Околу 1.200 луѓе беа евакуирани од Ајфеловата кула во Париз откако се вклучи алармот за пожар во окното на лифтот. Пожарот набрзо е ставен под контрола.

Според француската полиција, пламенот бил забележан во окното на лифтот помеѓу првиот и вториот кат.






Пожарникарите се сомневаат дека пожарот настанал поради прегревање на уредите во близина на каблите.

Иако имаше извештаи дека пожарникарите се обидуваат да дојдат до изворот на пожарот, пожарот брзо бил ставен под контрола, пишува The Mirror.

За време на интервенцијата, Ајфеловата кула беше затворена за туристи. Инаку, овој светски познат споменик секој ден го посетуваат меѓу 15.000 и 25.000 луѓе, покажуваат податоците на веб-страницата „RoadGenius“.

Поврзани содржини