Пожар на ѓубриво со амониум нитрат уби стотина жители на Бејрут

642

Моќната и огромна експлозија во Бејрут во која загинале најмалку 100 луѓе е предизвикана од ѓубриво запленето од руски товарен брод пред шест години, објавија руски медиуми.

Бродот „Росус“ се вкотвил во пристаништето во Бејрут пред десет години, поради дефект, а бил на пат за Африка со 2750 тони ѓубриво базирано на амониум нитрат, јавува либанската медиумска куќа ЛБЦИ, без да открие кој е сопственик на бродот.






Руската медиумска група РБЦ известува дека бродот, кој пловел од грузиското пристаниште Батуми до Мозамбик, е во сопственост на рускиот државјанин Игор Гречушкин, роден во далечниот источен регион Хабаровск, со престој на Кипар.

Откако Росус запрел поради дефект, Гречушкин го напуштил бродот без да го плати својот екипаж, тврди РБЦ, повикувајќи се на членовите на екипажот.

 

Според LBCI, опасната стока потоа се растоварила во магацин, каде останал со години. Пожарот што избувнал во магацинот поради прегревање на хемикалиите предизвикале експлозија во која беа уништени делови од градот.

Поврзани содржини