📷 📽️ ГОРИ СКОПСКАТА ДЕПОНИЈА „ДРИСЛА“ Огромен чад се издига во воздухот, Ангелов смирува дека не е алармантно
Депонијата во близина на Батинци е зафатена од голем оган, засега нема информации за повредени, ниту за тоа колкава површина е зафатена од огнот.
Попладнево избувна голем пожар на скопската депонија „Дрисла“, во близина на селото Батинци.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека на депонијата гори, но истакна дека ситуацијата е под контрола.
– Има пожар. Не е алармантен. БППЗ Скопје работи на негово гаснење. Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови – изјави Ангелов.
Од скопската Противпожарна единица велат дека нивни екипи веќе се на терен и активно работат на гаснење на пламените.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за тоа колкава површина е зафатена од огнот.
View this post on Instagram