ПОЖАР НА ПЛАСТИЧАРСКА Блокирана е улицата
Полицијата го затвори делот од скопскиот булевар Никола Карев на потегот кон Бит-пазар каде што работат голем број комерцијални објекти.
Голем пожар зафати објект на познатата улица „Пластичарска“, поради што е блокирана улицата.
Полицијата го затвори делот од скопскиот булевар Никола Карев на потегот кон Бит-пазар каде што работат голем број комерцијални објекти. На терен се излезени МВР и Противпожарната бригада.
Од министерството за внатрешни работи за Плусинфо брифираа дека станува збор за пожар во куќа на Пластичарска улица. Оттаму велат дека досега нема пријавени повредени лица. Со брзата интервенција на пожарната единица, пожарот е изгаснат. Во моментов сообраќајот е нормализиран, откако претходно беше блокирана улицата од страна на припадниците на МВР со цел скопската противпожарна единица полесно на интервенира на пожарот.
Фото: 24Инфо