ПОЖАР НА ГРОБОТ НА ШАБАН ШАУЛИЌ Свеќите ги запалиле венците
Во еден момент на невнимание, свеќите ги запалиле венците и настанал мал пожар.
Пејачот Шабан Шаулиќ, „кралот“ на народната музика во Србија, трагично го загуби животот пред точно три години, а членовите на семејството и пријателите се собраа да го одбележат овој датум.
На поменот биле присутни, покрај семејството, и голем број колеги на Шабан, но и обожаватели, кои сите донеле многу цвеќиња и венци кои ги положиле на гробот на пејачот.
Вдовицата на Шабан, Гоца Шаулиќ, не можела да престане да плаче.
Во еден момент на невнимание, свеќите ги запалиле венците и настанал мал пожар, а поголемата штета ја спречила ќерката на Шабан, Санела, која брзо реагирала и истурила вода за да го изгаси огнот.
ФОТО: Јутјуб/Информер