ПОЖАР НА 16 КМ ОД НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Укаринската војска уништи станица за следење радијација
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, истакна дека уништувањето на станицата дополнително ја намалува ефективноста на способноста за откривање и за мерење на секое радиоактивно ослободување за време на вонредни ситуации.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека неделава во гранатирање од страна на украинската војска е уништена надворешната станица за мониторинг на радијацијата поради избивање на пожар, на 16 километри од нуклеарната централа „Запорожје“.
Гроси истакна дека ова дополнително ја намалува ефективноста на способноста за откривање и за мерење на секое радиоактивно ослободување за време на вонредни ситуации, наведе МААЕ на својата веб-страница.
Забележано е дека од почетокот на 2022 година, неколку станици за следење на радијацијата во 30-километарската зона околу нуклеарната централа Запорожје биле надвор од функција во различни периоди поради оштетување од гранатирање.
Во моментов работат четири од 14 станици.
Гроси претходно изјави дека сите 7 принципи, таканаречените столбови на нуклеарната безбедност, биле делумно или целосно прекршени во нуклеарната централа Запорожје.