ПОЖАР МУ СЕ ЗАКАНУВА НА СЕЛО ТОПЛИЦА! Теренот е непристапен за пожарникарите

Претходно пожарникарите во Штип гаселе пожар на свињарска фарма, при што едно лице е повредно од вдишување чад.

990

Пожар кој избил над гостиварското село Топлица с ешири кон населеното место, а гасењето е отежнато поради непристапниот терен, информираат од Центарот за управување со кризи.

„По пријавата за пожар на отворен простор над с.Топлица во Општина Врапчиште на терен упатена е противпожарна екипа од ТППЕ-Гостивар. По пристигнувањето на лице место пожарникарите утврдиле дека пожарот е на непристапен терен и дека огнот се шири нагоре кон шумата. ТППЕ ГОСТИВАР се во контакт со мештаните и доколку огнот го смени правецот истите веднаш ќе излезат на терен за да го спречат ширењето на огнот кон населените места“ – информира Реционалниот Центар за управување со кризи.






ЦУК стапил во контакт со заменикот на Директорот на Националниот парк Шар Планина Милорад Андреески, кој рекол дека лично ќе се упати на местото на настанот и веднаш ќе информира за моменталната состојба и преземените активностите.

Претходно РЦУК – Штип, известува дека пожарникарите во Штип интервенирале на запалена фарма за свињи покрај патот Штип-Радовиш. Пожарот е пријавен во 16:10 часот а на местото излегле три противпожарни возила и 10 пожарникари и успеале да го локализираат до 17:50 часот.

Во пожарот едно лице, вработено во фармата, е повредено од вдишување чад, па било прерфрлено во Клиничка болница Штип каде му е укажана лекарска помош.

Претходно напладне се запали сува трева и грмушки кај Смилковско Езеро во близина на Скопје, што предизвика голем чад, поради што се вознемирија граѓаните во неколку скопски населби.

Поврзани содржини