📽️ ПОЖАР КАЈ ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ Густ чад видлив од повеќе делови на градот

Пожар изби во автомеханичарска работилница во близина на Тутунскиот комбинат. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот е изгаснат и нема повредени.

827

Попладнево изби пожар во автомеханичарска работилница во близина на Тутунскиот комбинат, при што густ чад се издигна над објектите и беше видлив од повеќе делови на градот.

Според првичните информации, огнот зафатил дел од работилницата и материјали во кругот на комбинатот, што предизвика вознемиреност кај граѓаните во околината.






На местото на настанот брзо интервенираа екипи на противпожарната служба, кои по кусо време успеаја да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот, спречувајќи негово понатамошно ширење.

На терен беа присутни и полициски екипи, возила на ЕВН, како и екипа на Итната медицинска помош, како превентивна мерка.

Засега нема информации за повредени лица, а надлежните служби работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

Поврзани содржини