Пожар кај спортскиот центар во Тетово

317

Тетовските пожарникари интервенираат попладнево на пожарот што се случи на улицата Љубо Божиновски-Пиш во индустрискиот дел во близина на спортско-рекреативниот центар. Пожарот кој зафатил неколку монтажни објекти-бараки, во тетовската полиција е пријавен во 15 часот и 30 минути.

– На местото на пожарот испратени се служби на СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и причинетата материјална штета – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Нема информации за повредени лица.

Поврзани содржини