📷 ПОЖАР ИЗБУВНА ВО СЕЛО СИРКОВО Пожарникарите интервенираа со противпожарни возила
Кавадаречките пожарникари интервенирале во гасење на пожар во село Сирково со две противпожарни возила.
Пожар денеска избувна и во росоманското село Сирково.
Како што информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, кавадаречките пожарникари интервенирале во гасење на пожар во село Сирково со две противпожарни возила.
Територијалната противпожарна единица Кавадарци извести дека дополнителна екипа пожарникари со противпожарно возило се упатува кон овој пожар што сѐ уште не е локализиран, пренесува МИА. Засега не можеле да дадат повеќе детали за пожарот.