ПОЖАР ИЗБУВНА КАЈ ДЕПОНИЈАТА ВО НОВО ЛИСИЧЕ Противпожарните служби со три возила го ставиле под контрола

Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.

122

Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.

„Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење“, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.






Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми.

Поврзани содржини