ПОЖАР ИЗБИ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, БЛИЗУ ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“! Противпожарните екипи се на терен

Засега нема информации што го предизвикало пожарот, дали е угаснат и дали постои опасност за црквата Свети Спас која претставува културно наследство од особено значење за Македонија.

1,034

Во објект во Старата чаршија во Скопје вечерва изби пожар, кој се заканува да се прошири на соседните објекти, објавија повеќе медиуми, како и граѓани на социјалните мрежи. Oд Центарот за управување со кризи информираат дека е зафатена стара куќа во близина на црквата Свети Спас.

„РЦУК Скопје известува дека избувнат е пожар во 19:43 часот на стара куќа во близина на црквата Св. Спас во Стара чаршија. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 ПП возила“, соопшти ЦУК.






Засега нема информации што го предизвикало пожарот, дали е угаснат и дали постои опасност за црквата Свети Спас која претставува културно наследство од особено значење за Македонија.

Поврзани содржини