НЕ ТРГНУВАЈТЕ НА ПАТ КОН БЛАЦЕ, АПЕЛИРА МВР Пожар изби близу бензинска пумпа, се преземаат итни мерки

Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, соопштија од МВР.

388

Пожар изби во близина на бензинската пумпа „Дизел“, спроти базата на „Гранит“ на магистралниот пат кој води до граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.






Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

„Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, соопштија од МВР.

 

Поврзани содржини