ПОЖАР ГОЛТНА БАРАКА ВО АЕРОДРОМ Три возила и десет пожарникари го локализираа огнот

Од Противпожарната бригада на Град Скопје информираа дека пожарот е ставен под контрола.

827

Пожар избувна денеска во напуштена барака на улица Коста Новаковиќ, спроти „Американ колеџ“ во скопската општина Аеродром.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје информираа дека пожарот е ставен под контрола.






Три противпожарни возила и десет пожарникари беа вклучени во акцијата за гасење на огнот, со што набрзо ситуацијата беше стабилизирана. Причините за пожарот засега не се познати, а во тек е истрага.

Поврзани содржини