📽 ПОЖАР ГО ПРОГОЛТА АВТОБУСОТ НА БАРНСЛИ Тимот спасуваше жива глава, нема повредени

Клубот во кој минатото настапуваше македонскиот репрезетнативец Ѓорѓи Христов, соопшти дека сите играчи и остантиот дел од стручниот штаб биле безбедно евакуирани од автобусот кој целосно изгорел.

254

Фудбалерите на Барнсли преживеаа вистинска драма на враќањето од Ексетер, откако им се запали автобусот и мораше да бидат евакуирани.

Клубот во кој минатото настапуваше македонскиот репрезетнативец Ѓорѓи Христов, соопшти дека сите играчи и остантиот дел од стручниот штаб биле безбедно евакуирани од автобусот кој целосно изгорел.






„Може да потврдиме дека на враќањето од мечот против Ексетер нашиот автобус се запали“, соопштија од клубот.

Фудбалерите на Барнсли славеа во 12. коло од Лига 1 (третолигаш во Англија) на гостувањето кај Ексетер со 1:0, клуб кој се обидува да се врати во Чемпионшип од следната сезона.

 

Поврзани содржини