ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО МИЧУРИН Зафатена е барака, пожарникарите се на терен

На лице место се пристигнати неколку противпожарни возила, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

1,157

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Аеродром, поточно во Мичурин.

На лице место се пристигнати неколку противпожарни возила, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.






Ѕвонко Томески, командир на скопската бригада за противпожарна заштита, во изјава за Плусинфо рече дека на пожарот веќе му се наѕира крајот.

– Пожар избувна во близина на Женезничката станива во Скопје, поточно во населбата Аеродром. Огнот зафатил една стара барака. Интервениравме со три противпожарни возила и сѐ уште трае интевенцијата. Пожарот е скоро локализиран и не постои опасност тој да се прошири на околните објекти или возила – рече Томески.

Поврзани содржини
na