📷 ПОЖАР БЕСНЕЕ НАД БЕРОВО Градоначалникот ги повикува жителите да помогнат

Во акцијата за гаснење на пожарот, како што соопшти се вработени во ТППЕ Берово, Шумско Стопанство и други помагатели.

352

Пожар денескa попладне избувна кај месноста викана Каша, во беровското село Ратево. Информацијата за пожарот ја соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој апелираше до граѓаните да се вклучат во гаснењето.

– Почитувани жители на Општина Берово. Пред малку избувна пожар, над месност викана Каша, на потегот од с. Ратево кон туристичката населба Беровско Езеро. Гори шума и пожарот брзо се шири. Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат, сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари – информира Пекевски.






Во акцијата за гаснење на пожарот, како што соопшти се вработени во ТППЕ Берово, Шумско Стопанство и други помагатели.

Претходно во беровското село Двориште беше локализиран пожар во близина на границата со Р. Бугарија.

Поврзани содржини