📷 ПОЗДРАВИ ГИ МОМЦИТЕ ОД МЕНЕ! Еве што му порача Путин на Кадиров

Пренесете им најдобри желби на момчињата, најдобри желби за нивните семејства. Знам дека вие лично се занимавате со овие прашања цело време, вклучително и поддршка на семејствата на нашите момчиња кои се борат на првите линии, борејќи се самоуверено, добро, храбро, херојски, му порача Владимир Путин на Рамзан Кадиров.

1,288

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се сретна со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Путин високо го оцени личниот придонес на Кадиров и неговиот тим за динамичниот развој на регионот.






Путин, исто така, ги поздрави борците од кавкаската република кои се борат во рамките на „специјалната воена операција“ во Украина предводена од Москва.

– Пренесете им најдобри желби на момчињата, најдобри желби за нивните семејства. Знам дека вие лично се занимавате со овие прашања цело време, вклучително и поддршка на семејствата на нашите момчиња кои се борат на првите линии, борејќи се самоуверено, добро, храбро, херојски – посочи Путин.

Поврзани содржини