Повторно животот ќе е убав – од ова да научиме колку е!
Животот ќе се врати, до тогаш бидете добри и љубезни едни кон други. Пред месец време мислевме дека имаме неограничено време, дека светот е пред нас. Денес не знаме кој од оние шо ги сакаме ќе ги видиме пак и кога.
Дечки, времињата се тешки! Може можеше подобро, сега не е важно како можеше и шо можеше. То е што е. Ќе е тешка пролет, да сме искрени.
Следете ги препораките на владата, седете дома, мијте раце, бидете одговорни. И за себе и за своите блиски и за целото општество.
Ова ќе помини. Ќе преживеете. Повторно ќе се живее, ќе се гушка, ќе се љуби, ќе се дружи! Повторно животот ќе е убав. Од ова да научиме колку е. Колку здраво за готово се сфаќавме едни со други. Колку банално го сфаќавме секој допир, поглед, кафе, дружење, пиво на шанк…
Животот ќе се врати, до тогаш бидете добри и љубезни едни кон други.
Пред месец време мислевме дека имаме неограничено време, дека светот е пред нас. Денес не знаме кој од оние шо ги сакаме ќе ги видиме пак и кога. Можеби со некои се видовме последен пат, а не ни знаевме дека ќе е крај.
Ценете го секој момент после ова! Ретко се случува човек да се роди повторно!
(ФБ статус на авторот)