ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС ВО ХАТАЈ, ТУРЦИЈА Се урнале само згради, нема повредени
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Дефне на длабочина од 9,76 километри.
Нов земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната турска провинција Хатај.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Дефне на длабочина од 9,76 километри.
Гувернерот на Хатај Рахми Доган за Анадолија изјави дека надлежните служби се на терен.
– Нема извештаи за поголеми последици, освен уривање на неколку згради кои веќе беа значително оштетени поради претходните земјотреси. Според првите информации нема повредени лица, ниту има затрупани под урнатините – изјави Доган.