ПОВТОРНО ВИСОК ПРОЦЕНТ НА ЗАРАЗЕНИ Регистрирани 494 новозаболени и 22 починати лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

1,041

Во последните 24 часа регистрирани се 494 новозаболени со ковид-19, како последица на вирусот починале 22 лица, 12 во последното деноноќие, а 10 се регистрирани преку Мој Термин, информира министерството за здравство.

Оттаму информираат дека се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.






Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес  и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Охрид и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица, шест починати лица од Скопје (94, 78, 70, 68, 61 и 49), две починати лица од Кавадарци (77 и 63) и по едно починато лице од Куманово (66), Охрид (72), Крива Паланка (59) и Македонски Брод (74). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по шест починати лица од Скопје, две починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–56, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-144, Биотек-190, Систина-98, лабораторија Лаор-116, Синлаб-21, Ремедика-11, Плодност–29, Генеа-2, Никоб лаб-349, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-45, Ројал Медика –7,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.322.

Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 83.285, активни 5.536, Куманово 11.395, активни 992, Тетово 10.814, активни 905, Прилеп 9.046, активни 313, Гостивар 7.955, активни 472, Битола 7.077, активни 267, Велес 6.225, активни 348, Охрид 5.944, активни 549, Кавадарци 5.910, активни 237, Струмица 5.723, активни 280, Штип 5.712, активни 242, Кичево 3.975, активни 423, Струга 3.784, активни 374, Кочани 3.243, активни 154, Гевгелија 2.407, активни 84, Неготино 2.315, активни 39, Свети Николе 1.886, активни 112, Ресен 1.534, активни 91, Радовиш 1.512, активни 86, Дебар 1.449, активни 108, Крива Паланка 1.423, активни 93, Берово 1.209, активни 29, Делчево 1.122, активни 70, Виница 1.029, активни 50, Пробиштип 909, активни 31, Валандово 816, активни 31, Кратово 566, активни 58, Богданци 547, активни 13, Крушево 527, активни 20, Македонски Брод 470, активни 28, Демир Хисар 438, активни 24, Демир Капија 410, активни 5, Пехчево 312, активни 2, Македонска Каменица 300, активни 21 и Дојран 139, активни 0.

Поврзани содржини