ПОВТОРНО ТЕНЗИЧНО ВО СОБРАНИЕТО Пратеничка од ДУИ се скара со ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Пред вратата на салата стоеше обезбедување, а внатре пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да се работи по деловник.

1,019

Повторно тензично во Собранието по инцидентот со пратеникот Арбр Адеми кој со тврди предмети фрлаше кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Иако Комисијата за европски прашања беше прекината, таа сепак продолжи без претседателот Адеми и траеше околу половина час.

Пред вратата на салата стоеше обезбедување, а внатре пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да се работи по деловник, пишува „А1он“.






Пратениците бараа процедурално обраќање, а Арта Биљали-Зендели констатираше дека нема повеќе процедурални обраќања, по што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираа.

Седницата е закажана за утре на пладне.

 

Поврзани содржини