📽️ ПОВТОРНО СЕ ЗАТЕПАА АВГАНИСТАН И ПАКИСТАН Кабул тргна во одмазничка офанзива, Исламабад возврати

Како одговор на повторените провокации и прекршувања од страна на пакистанските воени кругови, почнати се големи офанзивни операции против пакистанските воени позиции,, објави портпаролот на авганистанските талибанци, а пакистанското Министерство за информации соопшти дека војската одговорила на неиспровоцираното гранатирање.

317

Авганистанските воени власти соопштија дека почнаа напади врз Пакистан како одговор на пакистанските воздушни напади врз провинциите Нангархар и Пактија од пред неколку дена.

„Како одговор на повторените провокации и прекршувања од страна на пакистанските воени кругови, почнати се големи офанзивни операции против пакистанските воени позиции и објекти долж линијата Дуранд “, објави на Икс портпаролот на авганистанските талибанци, Забихулах Муџахид.






Линијата Дуранд е меѓународната граница меѓу двете земји, која Авганистан официјално не ја признава.

Силите за безбедност на Пакистан вечерва одговорија на неиспровоцираното гранатирање од страна на авганистанските талибански сили на неколку точки долж границата, соопшти пакистанското Министерство за информации.

 

Пакистанското Министерство на платформата Икс објави дека талибанците отвориле оган врз неколку сектори во провинџијата Хајбер-Пахтунхва и оти пакистанската армија „итно и ефикасно“ одговорила, нанесувајќи тешки загуби и уништувајќи голем број гранични пунктови и опрема.

Пакистанската армија на 22 февруари изврши воздушни напади долж авганистанската граница, а цели беа камповите на Техрик-е-Талибан Пакистан и локалниот огранок на Исламска држава во источен Авганистан.

Според пакистанската армија во нападите се елиминирани најмалку 70 милитанти, додека според Кабул загинале десетици цивили, меѓу кои жени и деца.

Поврзани содржини