ПОВТОРНО СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ НАБАВКИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО ЕСМ Раководството ги коригира политиките на претходниците
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска потврди дека јавниот набавки во ЕСМ ќе се објавуваат како порано.
Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека e во тек тендер за набавка на јаглен во ТЕЦ Осломеј и него го спроведува Електростопанство на Македонија.
Како што рече, Министерството за енергетика ќе ги коригира политиките, а јаглен набавува АД ЕСМ кое е под Владата, и оти набавката сега ќе биде транспарентна.
-Јавниот повик е објавен и може да се види на веб-страницата – изјави Божиновска одговарајќи на новинарско прашање колкава набавка на јаглен се планира и од каде.
Таа рече дека во однос на одделни набавки од поранешното раководство на ЕСМ веќе се почнати ревизии и дека Министерството е фокусирано на грејна сезона и на зимата.
Божиновска денеска присуствуваше на доделувањето ваучери за набавка на инвертер клима-уреди во Скопје.