ПОВТОРНО ПОЛИЦАЈЦИ ИЗЕДОА ЌОТЕК! Уште два нови напади врз полициски службеници

Во само два дена се случија четири физички напади врз полициски службеници во Скопје, Куманово, Ресен и во Тетово.

3,763

Во Спортско рекреативниот центар „Кале” синоќа околу 20:00 часот полицијата упаси малолетник од Скопје, поради тоа што за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив, додека извршувал службени дејствија.

Исто така, за време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок, информира МВР во дневниот билтен.






Во Куманово денеска во 02.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле Г.Ј.(60) од Куманово, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Ова е четврт напад врз полициски службеници за само два дена.

Полицијата во Ресен вчера уапси двајца ресенчани, кои со тврди предмети се нафрлиле врз полицаец, кој не бил на работа, но ги затекнал претходниот ден во кражба на дрва.

Во вториот случај, вчера во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник.

ПОЛИЦАЈЦИТЕ НИ САМИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОДБРАНАТ! Во Тетово прегазен, во Ресен претепан полициски службеник

Поврзани содржини