Повторно над 1.000 новозаразени со ковид-19, починале 20 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

1,262

Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19. Починати се 20 лица и регистрирани се 241 оздравен пациент, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 492, Прилеп  64, Кавадарци  53, Велес  47, Тетово и Гостивар  по 45, Охрид  31, Битола  30, Куманово и Неготино -по 29, Гевгелија  25, Струмица  20, Штип  16, Струга 13, Берово  12, Ресен, Радовиш и Крушево  по 9, Кочани  8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово по 7, Крива Паланка 6, Демир Хисар  4, Кратово  3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран  по 1.






Регистрирани се 241 оздравен пациент од: Скопје 152, Гевгелија 20, Велес 15, Куманово 14, Гостивар  13, Битола  9, Штип  6, Ресен  4, Валандово  3, Струмица  2, Кичево, Радовиш и Свети Николе -по 1.

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 4.373 тестови преку: ИЈЗ 777, ЦЈЗ Скопје 109, Авицена-403, Биотек 364, Жан Митрев 193, Систина 337, лабораторија Лаор 437, Судска медицина 46, ЦЈЗ Битола 91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб 158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија 6, ГОБ „8-ми Септември“ 0.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 49.491, активни 5.588, Прилеп 6.059, активни 854, Куманово 5.975, активни 432, Тетово 5.768, активни 367, Гостивар 4.051, активни 283, Кавадарци 3.829, активни 649, Штип 3.804, активни 173, Велес 3.738, активни 324, Битола 3.694, активни 292, Охрид 3.554, активни 496, Струмица 2,905, активни 213, Струга 2.513, активни 184, Кочани 1.950, активни 144, Кичево 1.824, активни 52, Неготино 1.582, активни 421, Гевгелија 1.479, активни 307, Свети Николе 1.143, активни 39, Крива Паланка 961, активни 146, Ресен 875, активни 81, Дебар 804, активни 17, Радовиш 779, активни 38, Делчево 763, активни 48, Берово 705, активни 62, Пробиштип 585, активни 42, Виница 538, активни 24, Валандово 406, активни 36, Крушево 372, активни 113, Богданци 332, активни 72, Демир Хисар 300, активни 42, Кратово 300, активни 28, Демир Капија 279, активни 48, Македонски Брод 260, активни 9, Пехчево 194, активни 9, Македонска Каменица 194, активни 2. Дојран 101, активни 6.

 

Поврзани содржини