ПОВТОРНО ЛИ ЈАС СУМ ВИНОВЕН Чулев за запленетата дрога во возило на МВР

„Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?“, напиша Чулев на социјалните мрежи.

1,939

Поранешниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев го искоментира инцидентот во кој полициски службеници биле фатени со марихуана на границата меѓу Албанија и Грција.

Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?“, напиша Чулев на социјалните мрежи.






Како што велат од МВР, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика оделе на обука во Црна Гора. Користеле возило од Агенцијата за одземен имот, а истото било запленето од Царинската управа во 2016 година во акција за сузбивање на трговија со дрога. Од МВР уверуваат дека вработените немаат поврзаност со дрогата и не знаеле за неа.

 

Поврзани содржини